Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе основа Канцеларија на верата во Белата куќа и ја назначи јавна обвинителка Пем Бонди да ја предводи работната група за искоренување на антихристијанската пристрасност во федералната влада.
„Мисијата на таа работна група ќе биде веднаш да ги запре сите форми на антихристијанска критика и дискриминација во федералната влада, вклучително и Министерството за правда, кое беше апсолутно страшно, Службата за внатрешни приходи, ФБИ и други агенции“, рече Трамп на Националниот молитвен појадок.
Трамп, исто така, рече дека ќе формира нова комисија за верски слободи.
– Ако немаме верска слобода, тогаш немаме слободна земја – изјави Доналд Трамп.