„Не постои ниту една личност на светот, освен мене кој може да го запре Владимир Путин. Мислам дека ќе можам да го запрам“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за порталот OutKick, кој е во сопственост на корпорацијата Fox.
Новинарот Клеј Тревис му постави на Трамп неколку прилично сугестивни прашања, како: „Путин не ја нападна Украина додека бевте претседател, нели? или „Дали мислите дека ќе бидете фаворит за Нобеловата награда за мир ако ја завршите војната? „Веќе би ви ја дале таа награда ако бевте демократ, нели?“
На последното прашање Трамп одговори: “Мислам дека Норвешка ја дава Нобеловата награда. Но знаете, никој не ни знае за што се работи. Знам само дека Обама ја доби без причина, не ни знаеше зошто. Стана претседател и потоа му ја дадоа Нобеловата награда. Тој не направи ништо”.
Тој додаде: „Но, ако сакаат, ако сакаат да имаат кредибилитет, ќе ни ја дадат. Мислевме дека досега ќе ја добиевме за три или четири различни работи“.