Доцент д-р Стојан Трошански, од Европски универзитет Скопје, е избран за нов декан на Факултетот за детективи и криминалистика. Тој на позицијата декан на Факултетот за детективи и криминалистика доаѓа на местото на досегашниот декан, доцент д-р Игор Бимбилоски.
Трошански активно се занимава со научноистражувачка дејност. Покрај редовните работни активности објавува научни и стручни трудови во домашни и меѓународни научни списанија. Покрај тоа, во последните години за него се поврзуваат истражувањата за научниот опус на генијалниот научник и пронаоѓач Никола Тесла, од морален и безбедносен аспект.
Трошански е избран за декан на Факултетот за детективи и криминалистика во мандатниот период јануари 2025 – јануари 2028 година.