Д-р Лазаров се огласи по случајот со Скопје ЗОО: Сега по секоја медицинска логика треба сите вработени ваедно со овие стручњациве у скафандер без маска да идат у изолација

109
Во врска со денешниот немил настан што ја вознемири скопската јавност – затворањето на Скопје ЗОО и причините кои стојат позади тоа – утврдувањето на случај на птичји грип од страна на АХВ, на социјалните мрежи се огласи и Д-р Ненад Лазаров.
Сега по секоја медицинска логика треба сите вработени во ЗОО заедно со овие стручњациве у скафандер без маска да идат у изолација а некој треба и да одговара зошто веднаш не е вклучен и Институт за јавно здравје со епидемиолошки тим.
Ова е паралелно можеби и првенствено задача на експерти од ИЈЗ и никој друг, напиша тој.
Тој воедно на својот фб профил имаше повеќе написи поврзани со птичјиот грип и неговата опасност по животот на животните и на луѓето и ги советуваше граѓаните, првенствено, да не се создава паника, само да се делува стручно и организирано.
Тој во објавата апелираше да се размисли за укинување на АХВ и нејзино враќање под ИЈЗ.