Д-р Елма Абдула Хасанаговски, болница „Санте Плус“: Нудиме комплетна услуга, од зачнување до породување

40
За градење на квалитетни партнерски и родителски односи, таткото се препорачува да биде присутен на секоја контрола на трудницата. Јас ги охрабрувам секогаш да бидат дел од екипата којашто ќе го изведува породувањето. Дозволуваме таткото да ја пресече папочната врвца, претходно со одредени подготовки. Тоа е неверојатна магија што се случува во родилната сала и бесценето искуство, вели д-р Елма Абдула Хасанаговски.

 

„Бременоста е физиолошка, природна состојба и не треба да се третира како болест или како проблематични девет месеци на кои треба да се обрне некакво дискутабилно внимание, доколку бременоста е уредна треба да се продолжи уредно со животот. Ние велиме дека тоа не се пациентки, туку дека се трудници, и така и треба да се третираат, но неопходно е и да се продолжи со следење на бременоста. Не треба да се прескокнуваат редовните контроли без оглед колку бременоста е уредна и минува без какви било компликации, зашто компликациите не се појавуваат само на почетокот на бременоста, тие можат да се појават и на средината и при крајот на бременоста. Комплиакциите се поврзани со самата состојба на мајката, а можат да влијаат на плодот, околу плодовата вода, функцијата на постелката, или пак, може да се откријат во текот на бременоста состојби кои се само за плодот, коишто не ја афектираат мајката, но треба да се проследат правилно до крајот на бременоста за да се обезбеди безбедно породување и за мајката и за новороденчето“ – објаснува д-р Елма Абдула Хасанаговски, специјалист во гинекологија и акушерство во болницата „Санте Плус“, лекарка која го носи епитетот на „најбаран лекар за породување“.

Во целиот процес на бременост и кога ќе дојде чинот на породување, довербата меѓу трудницата и нејзиниот гинеколог е многу важна, како се гради таа доверба и што значи се тоа?

-Довербата е круцијална, не за лекарот толку колку што е за трудницата. Кога лекарот знае дека работи со пациентка која што му верува, тогаш и тој станува многу послободен, покреативен и гради блиска релација која, според мое искуство, апсолутно трае засекогаш. Зачнувањето на чедото во утробата на мајката е свет чин и доверувањето доверба за еден лекар е голема чест. Од друга страна, трудницата си обезбедува успешна соработка, добри совети и препораки, квалитетна услуга, достапност на лекарот за да може сè тоа да помине мирно и без загриженост како ќе се одвива понатаму бременоста или како ќе се одвива породувањето.

Породувањето е кулминација на бременоста, постојат ли стравови кај родилките од самиот чин на продување?

-Стравовите кај бремената жена се реални и сè повеќе се сретнуваме со трудници кои се навистиина исплашени. Дали е тоа некоја наша културолошка придобивка, затоа што бременоста и породувањето се обвиткани со стравови од теоретски компликации кои сè уште се на ниво на претпоставка, меѓутоа, трудниците се навистина многу исплашени од породувањето, се плашат дали ќе ги препознаат болките, дали ќе стигнат навреме во болница, се плашат за сопственото здравје и кондиција во текот на породувањето. Но, ние сме секогаш тука, да разговараме со нив, да ги утешиме, да им кажеме дека имаме големо искуство и дека сè она што евентуално би настанало како компликација, сме подготвени да го решиме во текот на самиот чин на породувањето. Породувањето е круна на бременоста и секоја мајка посакува да роди здраво дете, и таа да излезе од болница во одлична здравствена состојба, што најчесто и се случува.

Сè уште е прифатено кај нас дека чинот на породување е многу болен процес, иако е различно кај секоја мајка. Дали интензитетот на болка зависи од големината на плодот, од тоа дали е тесна или широка карлицата на трудницата или некои други работи се земаат предвид?

-Чувството на болка зависи од психофизичката состојба на трудницата, секоја си има свој психолошки профил, па според тоа се градуира степенот на болката. Меѓутоа, поголемата болка асоцира и на големината на плодот, на анатомијата на мајката, на нејзиното претходно искуство со болка и со породување, иако знаеме дека секоја бременост и секое породување носи свои специфичности и ниту една трудница нема да ви каже дека сегашната бременост ѝ е иста со претходната. Едноставно се менува и кондицијата на самата трудница. Но, тоа што треба да го истакнеме е дека во современите акушерски услови, како што се условите во болницата „Санте Плус“, имаме можност за обезболување во текот на породувањето. Тоа се постигнува со давање на аналгезија, епидурална и спинална аналгезија. Овие две анестезии ги аплицираат врвни анестезиолози во нашата болница, при што ѝ се нуди на родилката комодитет, безболно породување кое ја чува нејзината кондиција и сила за да се заврши самото породување на родилниот бокс, а сочувано е и расположението на родилката. Така, партнерот не ја гледа во една вознемирувачка, туку во блажена состојба во тие неколку часа на породување.

Да направиме споредба меѓу природното породување и царскиот рез, дали родилките сè повеќе сакаат да се породат со царски рез и зошто?

-Интересот за царскиот рез низ текот на годините расте, сведоци сме дека и другите земји во регионот и наоколу во светот даваат известувања дека бројот на царскиот рез се зголемува. После првиот царски рез најчесто втората бременост се завршува со царски рез, зашто нема поминато доволно време меѓу двете бремености. Ние како акушери секогаш советуваме дека приоритет се дава на вагиналното породување кога условите тоа го овозможуваат, токму поради помалата траума којашто ја има мајката, организмот на мајката, но и бенефитот што го има бебето коешто е родено преку вагинален пат.

Д-р Елма Абдула Хасанаговски и експертскиот тим на болница „Санте Плус“ ви стојат на располагање. Закажете го вашиот термин или консултација на телефоните +389 71 262 323; + 389 2 511 20 16; +389 71 262 692

ПР објава