Црвено предупредување: Нов пожар во Лос Анџелес, експертите стравуваат – „може да биде нуклеарен“

115
screenshot X

Брзорастечки шумски пожар избувна во средата северно од Лос Анџелес, предизвикувајќи стравувања кај експертите дека пламенот „може да биде нуклеарен“. Пожарот, наречен Хјуз, започна во средата наутро во областа Кастаик Лејк во округот Лос Анџелес и брзо изгоре 3.407 хектари. Евакуациите со предупредувања за „непосредна закана по животот“ се во тек, додека поголемиот дел од Јужна Калифорнија е под црвен аларм поради екстремен ризик од пожар поради силните суви ветрови.

Повеќе од 50.000 луѓе добија наредба за евакуација или предупредување во средата, бидејќи огромен и брз шумски пожар ги зафати нерамните планини северно од Лос Анџелес, јавува денеска АП.

Пожарот избувна во доцните утрински часови и во рок од шест часа јагленоса околу 39 квадратни километри дрвја и ниско стеблести растенија во близина на езерото Кастаик, популарна област за рекреација на околу 64 километри од разорните пожари во Итон и Палисадес, кои горат веќе трета недела.

Иако регионот беше под црвено предупредување, ветровите не беа толку брзи како што беа кога избувнаа тие пожари, дозволувајќи им на авионите за гасење да истурат десетици илјади галони вода.

„Ситуацијата во која се наоѓаме денес е многу поинаква од онаа што ја затекнавме пред 16 дена“, изјави началникот на противпожарната служба во округот Лос Анџелес, Ентони Марон, пренесува Танјуг.

Повеќе од 31.000 луѓе се под наредба за задолжителна евакуација, додека други 23.000 луѓе се под предупредување за евакуација, изјави шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна, пренесува CBS News.

ИЗДВОЕНИ