Црвен крст: Собрани повеќе од 30 милиони денари за семејствата на настраданите и повредените

32

Повеќе од 30 милиони денари досега се собрани преку фондот на солидарност на Црвениот Крст и броевите за донација за помош на семејствата кои ги изгубија најмилите и на повредените во трагедијата во Кочани. Од Црвениот крст велат дека најмногу донации има преку телефонскиот број, но постојано стигнуваат финансиски средства и преку отворената сметка од локални самоуправи, компании, граѓански организации од дома, но и од странство.

Досега добиени се доволно донации во ќебиња и постелнина кои од следната недела ќе бидат донирани до болниците во Скопје, Штип и Кочани. Апелираат донациите да бидат во финансиски средста кои ќе бидат предадени на семејствата на жртвите во трагедијата и на повредените кои ќе треба да го продолжат лекувањето.

24 мобилни екипи на Црвениот Крст и 180 волонтери денеска и во сите овие денови на тага им се поддршка на семејствата на загинатите и повредените од пожарот.

Оние кои сакаат да помогнат и да се вклучат во хуманитарната акција можат да донираат до телефонско јавување на телефонскиот број 143 400 од сите мобилни оператори и на жиро сметката на Црвениот Крст.

ИЗДВОЕНИ