Се прекинува со производство на швајцарското чоколадо „тоблероне“ од темно чоколадо во пакување од 360 грама, што ги растажи оние кои сакаат ваков вид чоколада. Не е наведена причина за ваквата одлука.
Ова чоколадо се произведува 56 години во Берн. Пред две години беше отстранета познатата швајцарска планина Матерхорн од опаковката на „тоблероне“ и се постави модернизирано лого на планината.
Задржани се мечката и потписот на еден од креаторите на оваа чоколадна лента, Теодор Тоблероне. Ова се случи поради префрлање на дел од производството на ова чоколадо од Швајцарија во Словачка. Имено, швајцарските национални симболи не можат да се користат за промовирање на она што не се произведува исклучиво во Швајцарија.