Црногорскиот министер за внатрешни работи најави суспензија на 70 полицајци, меѓу кои и високи службеници

35

Црногорскиот министер за внатрешни работи Данило Шарановиќ најави дека во наредните денови ќе бидат суспендирани 70 полицајци.

Како што вели, било утврдено дека има безбедносни пречки за нивната работа.

„Значи, затоа има толку многу напади врз безбедносниот сектор, бидејќи луѓе како тие полицајци повеќе не можат да шетаат по ходниците на црногорското МВР“, изјави Шарановиќ за ТВ Вијести од Подгорица.

Тој појасни дека во претходниот период, согласно законот, Комисијата за проверка на безбедносните нарушувања утврдила дека имало безбедносни нарушувања кај тие полицајци.

„Станува збор за полицајци за кои е утврдено дека имаат врски со криминални кланови, дел од нив користеле психоактивни супстанци, некои имаат необјасниво голем имот… Во зависност од случајот и тие кривично ќе бидат гонети. Ние сме првото раководство што најдете правен механизам како да ги отстраните од служба таквите полицајци, пред крајот на кривичната постапка меѓу тие полицајци има и високи и средни високи кадри“, рече Шарановиќ.

ИЗДВОЕНИ