Експлодира една од најголемите трансфер бомби во историјата на ракометот. Поранешниот црногорски репрезентативец Владан Липовина, кој своевремено играше и во македонскиот Металург, потпиша тригодишен договор со Ал Кувајт, најтрофејниот клуб таму, вреден 800.000 евра по сезона.
Со овој договор за три години 32 – годишниот ракометар од Цетиње ќе за работи 2.400.000 евра за три години, со што ќе стане и најплатениот ракометар во светот.
Клубот на Липовина не штеди на своите играчи. Негов соиграч, меѓу другите, ќе биде роден Кубанец кој игра за репрезентацијата на Катар – Марзо Френкис. Беше најплатен играч досега со 50.000 евра месечно, плус бонуси за освојување на титулата, Купот, азиската Лига на шампиони… Но сега високиот Црногорец го зазема тронот.
Со бонуси за титулата, Купот, Супер Глоуб, Емир Купот, Азиската Лига на Шампиони, Заливот куп, би можел да заработува „магични“ милион евра по сезона.
Тоа никој не го заработува во ракометот. Ниту најдобриот светски ракометар, Данецот Матијас Гидсел, кој неодамна го продолжи договорот со Фухсе Берлин и заработува 50.000 евра месечно. Таква месечна плата имаат Дика Мем (Барселона) и Андреас Волф (Кил), а сега нов рекордер е Владан Липовина со месечна плата од речиси 66.600 евра.
Поранешниот член на Ловќен, Куенка, Металург, Вецлар, Ал-Наср, Хутенберг, РН Левен, Балинген и Магдебург, кој во последните две сезони беше најдобар стрелец на Ал Кадсија и кој од следната сезона ќе игра за Ал Кувајт, моментално е на врвот на листата на заработувачки на ракометарите.