A high angle shot of the Julia Pfeiffer Burns at daytime

Црногорското крајбрежје годинава ќе биде побогато за 74 нови градски плажи, со што вкупниот број ќе се искачи на 563. За пет е зголемен и бројот на хотелски плажи, кои сега изнесуваат вкупно 70.

Плажите во Црна Гора наскоро добиваат поттик, бидејќи вкупниот број на плажи на бреговите на земјата ќе биде зголемен. Ова се наведува во информацијата за измени на програмата за времени објекти во крајбрежниот појас за периодот 2024-2028 година, што Владата ја усвои вчера, соопшти РТЦГ.

Во претходниот период на теренот на црногорското приморје беа идентификувани 489 капалишта, од кои 134 во Херцег Нови, 35 во Котор, 40 во Тиват, 133 во Будва, 81 во Бар и 66 во Улцињ.

Со овие измени на Програмата формирани се дополнителни 74 нови капалишта (вкупно 563), од кои 13 се во Херцег Нови, 12 во Котор, 8 во Тиват, 18 во Будва, 11 во Бар и 12 во Улцињ“, се наведува во информацијата.

ИЗДВОЕНИ