Црната пепел направи хаос, затворен аеродромот во Катанија: Еруптираше Етна, се шират снимки/ВИДЕО

228

Најголемиот активен вулкан Етна повторно еруптираше, а поради ширењето на црна пепел итно е затворен аеродромот во Катанија.

Секторот за кризни состојби нареди да се затвори воздушниот простор околу вулканот од 18:30 часот по локално време.

Од аеродромот соопштија дека ги замолуваат сите патници да не одат на аеродромот пред да ги проверат деталите за нивниот лет.

Текот на лавата од Етна полека напредува во југозападен правец, спуштајќи се на околу 1.800 метри надморска височина и не претставува никаква опасност за селата, соопшти италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија.

ИЗДВОЕНИ