Црн теренец влета во толпа луѓе во центарот на германскиот град Манхајм/ВИДЕО

452

„Полициска операција во моментов е во тек во центарот на Манхајм во областа Васертурм/Планкенкопф. Полицијата и спасувачките служби се на терен. Дополнителни информации се уште не се достапни. Затоа се можни привремени прекини на сообраќајот во центарот на градот“, потврдил портпаролот на полицијата за порталот Манхајм24.

На Фејсбук и полицијата ги замоли граѓаните да не доаѓаат во центарот на градот. Според очевидци, црн теренец со голема брзина удрил во толпа луѓе од Парадеплац.

Според извештајот на новинарите на германската новинска агенција dpa, на местото на настанот биле видливи остатоци, а најмалку едно лице лежело покриено со церада.
Се известува дека има неколку тешко повредени лица, а на терен се и бројни служби за итна помош.

Според германски Билд, возачот на автомобилот е уапсен. Сите патишта и мостови кои водат надвор од градот се под контрола на полицијата.

Опсадна состојба во Манхајм: Двајца загинати и 25 повредени во пешачка зона (ФОТО)

ИЗДВОЕНИ