Цитроенот е снимен во близина на зградата на Ѓорчевски во час кој се совпаѓа со грабнувањето!

755

 Во десетина розови кеси беа собрани сите листови од содржините на пораките од мобилните телефони на обвинетите, Љупчо Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски. Она што го привлече вниманието во судницата беа снимките од безбедносните камери на кои се гледа движењето на возилата „цитроен”, со кое била грабната Вања од пред нејзиниот дом, и на „рено кангу”, во кое, според Обвинителството се возел обвинетиот Љупчо Палевски, а кое се движело пред автомобилот во кој било девојчето. Неколку снимки биле добиени од камерите на „Сејф сити” и се гледа како автомобилот „цитроен”, во периодот од 6:30 до 7 часот поминува низ неколку улици во Скопје, а возилото поминува и покрај зградата каде што живеела Вања со својата мајка и сестра, рече обвинителката.

Судењето за двојното убиство на младата скопјанка Вања Ѓорчевска и пензионерот од Велес, Панче Жежовски, продолжи во Кривичниот суд со презентирање на материјални докази од обвинителството. Во десетина розови кеси беа собрани сите листови од содржините на пораките од мобилните телефони на обвинетите, Љупчо Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски. Она што го привлече вниманието во судницата беа снимките од безбедносните камери на кои се гледа движењето на возилата „цитроен”, со кое била грабната Вања од пред нејзиниот дом, и на „рено кангу”, во кое, според Обвинителството се возел обвинетиот Љупчо Палевски, а кое се движело пред автомобилот во кој било девојчето. Неколку снимки биле добиени од камерите на „Сејф сити” и се гледа како автомобилот „цитроен”, во периодот од 6:30 до 7 часот поминува низ неколку улици во Скопје, а возилото поминува и покрај зградата каде што живеела Вања со својата мајка и сестра, рече обвинителката.

На раскрсницата кај Владата, возилото „цитроен” во 6:33 часот застанува на семафорите. Потоа движењето го продолжува кон булеварот „Св. Климент Охридски“. Оттука се упатува кон улица „Орце Николов“. Во 6 часот и 36 минути „цитроенот” е снимен на паркингот кај хотел ,,Парк”. Тука подзастанува и продолжува да се движи право кон зградата на оштетената Вања Ѓорчевска на улица „Наум Наумовски Борче“, каде што стигнува во 6 часот и 37 минути, презентираше обвинителката.

Вања Ѓорчевска беше грабната во ходникот од зградата во која живееше со нејзиното семејство, кога излегла да оди на училиште, пред 7:30 минути. Според обвинението  ја чекале две лица, додека на улицата бил паркиран украдениот „цитроен“. Обвинетите од претходната вечер ги дознале деталите за движењето на девојчето, дека ќе оди на училиште сама без нејзината сестра, разбрале од таткото Александар, тврди обвинителството. Ја грабнале, ја врзале и ставиле во вреќа за спиење,по што ја ставиле во „цитроенот“. Автомобилот „рено“, во кое според обвинителството се возел Палевски  се движи пред цитроенот, а трагата од градските камери им се губи после хотелот „Палас“.Одбраната на Палевски приговараше на снимките на кои се гледаше движењето на возилата, првообвинетиот побара ново изземање, откако му беше одбиено тоа за судијата,  овој пат побара нов обвинител.

Снимките од камерите се едни од круцијалните докази за судската постапка, во недостаток на градските камери, семејството Ѓорчевски сами оделе по продавници, кафулиња, фризерници и ги барале на увид снимките од камерите на приватни објекти. Во тоа им помогнал сведокот Гоце Трајковски, кој и натаму е недостапен на полицијата, бидејќи е во бегство за друго кривично дело. Обвинителството инсистира лично да го испрашува сведокот Трајковски, по чија логика двете грабнувања се поврзале, на Вања со тоа на Панче, преку две снимки кои ги набавил по необјаснив пат. Судењето продолжува на 27 јануари. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ