Најмалку 60 луѓе загинаа во северниот дел на Нигерија кога цистерна се преврте, истури гориво и предизвика експлозија, соопшти Националната агенција за безбедност на патиштата.
Несреќата се случи во државата Нигер, Нигерија и е слична на експлозијата што се случи минатиот октомври во државата Џигава кога загинаа 147 луѓе.
Кумар Чуквам, од Агенцијата за безбедност на патиштата, рече дека повеќето од жртвите се сиромашни селани кои трчале да наполнат гориво што се истурило откако цистерната се превртела.
- Цистерната се запали и тоа доведе до пожар на соседната цистерна. „Досега пронајдовме 60 тела, рече Цуквам.