Цирих воведува родова еднаквост на уличните знаци

48
DCF 1.0

На уличните знаци во Цирих, кои досега прикажуваа само мажи, сега ќе бидат прикажани и жени, трудници, хомосексуални двојки и постари граѓани со стапчиња за одење.

Мерката беше усвоена од градскиот парламент откако гласаше за предлогот на Социјалдемократската партија за родова еднаквост, пишува Swissinfo.

Левичарското политичко мнозинство ја усвои иницијативата со 73 гласа „за“ и 41 „против“.

Сега градскиот совет ќе размисли како да ги направи таблите, кои досега беа „машки“, поразновидни.

Швајцарската народна партија ја оцени иницијативата како „глупост“, нагласувајќи дека таа нема да придонесе за еднаквост, додека Радикалната партија смета дека е „целосно непотребна“ и товар за даночните обврзници.

Предлогот на Социјалдемократската партија е инспириран од градот Женева, кој замени половина од неговите „машки“ знаци во 2020 година.

ИЗДВОЕНИ