Ракометната репрезентација на Хрватска ја победи Македонија (27-25) во тест дуелот во Вараждин пред стартот на Светското првенство. По овој натпревар краток коментар за одиграното даде селекторот Дагур Сигурдсон.

„Ја победивме Македонија, ама има многу работи од кои не сум задоволен, изјави Сигурдсон за мечот.

Што се однесува до оние кои отсуствуваа, хрватскиот селектор ги загрижи навивачите.

„Кларица и Граховац ќе се вратат за следниот тест со Словенија, а сигурно е дека Лука Циндриќ ќе го прескокне овој натпревар. Ситуацијата со него е специфична, тој не тренираше цел декември и не е во ритам. Прашање е дали ќе биде подготвен и ќе настапи на ова Светско првенство“, заклучи Исланѓанецот.

ИЗДВОЕНИ