Циклон од Медитеранот ќе го расипе времето идната недела

1442

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, од понеделник (21 април) па се до самиот крај на следната седмица (недела 27 април) во Македонија ќе има честа појава на врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град, објави Метеоаларм во најновата временска прогноза.

И во Скопје  и околината во текот на следната седмица ќе има честа појава на повремен дожд, кој во делови од котлината повремено ќе биде пороен и проследен со грмежи, како и со засилен ветер во зоната на нестабилност. Температурите и покрај ова нема многу да се менуваат во однос на оние кои ги имаме сега, што значи ќе бидат пролетни, до рано – летни.

За време на овој влажен период, локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 50 литри на метар квадратен дожд). Поради ова, можно е ново зголемување на нивоата на реките  и на езерата во Македонија, а можни се  и локални поплавувања.

Исто така, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворено како и под осамени дрвја. Во случај на појава пак на силен ветер, граѓаните да внимаваат каде ги ставаат своите автомобили, односно истите да не бидат во близина на дрвјата, се вели во предупредувањето на Метеоаларм.

ИЗДВОЕНИ