Центар е лидер во енергетската трансформација

20

По повод Меѓународниот ден на чиста енергија – 26 јануари, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека Центар се наметнува како лидер во енергетската трансформација на локално ниво, благодарение на имплементацијата на бројни еколошки проекти и освоените меѓународни признанија.

-Во изминатите четири години интензивно работиме на социо-еколошката трансформација на општината. Центар е првата општина во земјата што отвори енергетска канцеларија и формира трговско друштво за производство и продажба на струја  „Енергија Центар“. Овој чекор ни донесе меѓународно признание, наградата „TRANSIT“, доделена за транзиција кон обновливи извори на енергија. Одлично е што бевме единствен победник меѓу учесници од Велика Британија, Шпанија, Кипар, Малта, Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија – нагласи Герасимовски.

Градоначалникот дополнително информираше дека поставувањето на фотоволтаични панели на покривот на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ – објект „Пепелашка“ – резултирало со заштеда од 50% на потрошувачката на електрична енергија.

Со овие активности, Општина Центар продолжува да поставува стандарди за одржлив развој и заштита на животната средина, демонстрирајќи ја својата посветеност кон енергетската транзиција.

 

ИЗДВОЕНИ