Цените на златото денеска се искачија на новото највисоко ниво од 3.128,06 долари за унца, додека светот се подготвува за нова рунда американски царини, вклучително и тарифи од 25 отсто за сите автомобили произведени надвор од САД, што ќе стапи на сила на 2 април.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи 2 април за „Ден на ослободувањето“, а се очекува американскиот претседател да ја искористи оваа можност да го објави својот план за реципрочни царини.
Цените на златото се зголемија за 18 отсто само од почетокот на 2025 година и се очекува тие да продолжат да растат, пренесува Ројтерс.