Цените на становите во ЕУ скокнаа за повеќе од трипати, а регионот ги следи во чекор

25

Цените на становите  во Европската Унија пораснаа за 3,8 отсто на годишно ниво во третиот квартал од 2024 година, додека кириите се зголемени во просек за 3,2 отсто во истиот период, објави Евростат.

За само три месеци цените на становите се зголемени за 1,4 насто, а кириите за 0,9 проценти.

Во извештајот на Евростат се наведува дека годишен раст на цените на недвижностите во третиот квартал од 2024 година е забележан во 22 земји членки на Европската Унија, пад на цените во четири земји, додека во еден случај податоците сè уште не се познати.

Најмногу пораснале цените на становите во Бугарија, за дури 16,5 проценти. Во Полска растот е 14,4 проценти, во Унгарија 13,4 проценти,во Хрватска 12,3 проценти и во Холандија  10,3 проценти.

Франција е земјата во која Евростат регистрира најголем пад на вредноста на становите. Таму цените паднале за 3,5 проценти. Следат Финска со пад од два процента и Луксембург со 1,7 отсто.

Долгорочно гледано, од 2010 година до третиот квартал од 2024 година, цените на недвижностите во Европската Унија се зголемени за 54,1 отсто, а на кириите за 26 отсто, се наведува на веб-страницата на Евростат.

Во истиот период, цените на становите се зголемени за повеќе од тројно во Унгарија и Естонија – за неверојатни 230 проценти, додека повеќе од двојно се зголемени во Литванија, каде што има раст од 181 отсто, во Латвија од 154 отсто, во Чешка од 135 отсто, во Австрија од  114 отсто, во Португалија од 113 отсто, во Бугарија од 110 отсто и во Луксембург е регистриран раст од 103 отсто.

Вакви придвижувања на цените во Европската Унија се случуваат во услови на криза и зголемени трошоци на живот.

Цените на становите вртоглаво се искачија и во земјите од регионот кои не се членки на ЕУ. Најскапо е во главните градови, па така, во Белград на пример,  не може да се купи стан под 2.000 евра за квадрат, а цените одат до 10.000 евра. Просечната цена на становите во Сараево е далеку пониска и за квадрат во новоградба треба да се издвојат над 1.700 евра. Но, како што пишуваше „Форбс“, лани во центарот на градот стан од 40 квадрати е продаден за 3.500 евра за квадрат.

Како во ЕУ, така и во регионот, лани значително се зголемија и кириите. Така, во Белград гарсониери за издаваат за 300 евра месечно, додека наемот за поголемите станови надминува и 1.500 евра. Во Сараево становите во зависност од големината и локацијата се изнајмуваат за 180 до 1.000 евра, а во Подгорица кириите се највисоки и се движат од 230 евра за малите, па до 3.500 евра за трисобните станови.

ИЗДВОЕНИ