Цените на нафтата на американскиот пазар забележаа благ пад денеска, при што нафтата WTI, репер за американскиот пазар, изнесува 77,88 долари, а нафтата од типот Брент на 80,79 долари за барел, објави Oil Price.
Во петокот цената на нафтата беше близу 81 долар на меѓународните пазари, додека трговците шпекулираа пред инаугурацијата за можните реакции на новиот претседател Доналд Трамп на новите американски санкции за рускиот енергетски сектор.
На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше за 33 центи пониска отколку на затворањето на тргувањето во четвртокот, на 80,96 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по 22 центи пониска цена, по 78,46 долари, пренесува Мина, повикувајќи се на SEEbiz.