Цените на јајцата во САД ќе се зголемат за 41,1 отсто во 2025 година, се вели во новиот извештај на американското Министерство за земјоделство, пренесува Anadolu.
Малопродажните цени на јајцата продолжуваат да варираат од месец во месец, поттикнати од тековното и ескалирачко влијание на високопатогената птичји грип, која започна во 2022 година. Цените на јајцата се зголемија за 13,8 отсто во јануари, по растот од 8,4 отсто во декември, се вели во извештајот.
Во јануари оваа година, цените на јајцата во САД пораснаа за 53 отсто во споредба со јануари 2024 година, надминувајќи го рекордот поставен во јануари 2023 година, а според индексот на трошоците на животот на Министерството за труд, тие се зголемија за неверојатни 230 отсто во последните пет години.
Властите спроведуваат низа мерки во обид да го стабилизираат пазарот, а американските потрошувачи и бизниси се очекува да се соочат со постојано високи цени и ограничена достапност во наредните месеци.