Унгарската Влада воведе контрола на цените на храната, откако инфлацијата го достигна највисокото ниво во Европската Унија. Унгарија го забележа најлошиот бран на инфлација во ЕУ од руската инвазија на Украина во 2022 година, а зголемените цени продолжуваат да претставуваат голем проблем за домаќинствата.
Според официјалните податоци објавени минатата недела, цените на храната пораснале за 7,1 отсто за една година. Под притисок на инфлацијата и бавното економско закрепнување, премиерот Виктор Орбан најави големи даночни намалувања за мајките и ограничување на маржите на 30 групи на храна за да го спречи растот на цените.
„Аковладата утврди дека малопродажните синџири не ја почитуваат регулативата, ќе ја прошириме на сите категории на храна! Подготвени сме и повторно да воведеме регулирани цени како последно средство“, соопшти унгарското Министерство за економија.