Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојаноски одржаа состанок со дел од претставниците на производителите, дистрибутерите и трговците кои учествуваа во акцијата Новогодишна кошница која што се применуваше од 15 декември 2024 до 15 јануари 2025 година.
На листата на производи, како што е објавено и на веб-страната Моја кошница која штоја креираше Министерството за економија и труд за оваа акција се вклучени 1178 производи од 96 производители и дистрибутери се вклучија 51 маркети а акцијата се применуваше во 762 продажно место.
Во духот на социјалната одговорност и солидарноста, од Министерството за економија и труд беше напоменето дека очекувањата се сите учесници во малопродажбата – производителите на храна, дистрибутерите и ланците на маркети, ќе направат максимални напори и ќе ги задржат цените на производите на исто ниво по завршување на акцијата.
Акцијата за прв пат е иницирана и спроведена од страна на бизнис секторот и во текот на следните недели се очекуваат анализи на ефектите од ваквата акција.
Од Министерството за економија беше потенцирано сите учесници треба да се воздржат од зголемување на цените на прехранбените производи кои беа дел од оаа акција и во таа насока се подготвени да комуницираат во духот на соработката. Беше заклучено дека оваа акција е од исклучително значење за зачувување на економската стабилност во нашата држава и за спречување на понатамошен раст на инфлацијата која влијае врз животниот стандард на сите граѓани.
Државниот пазарен инспекторат останува на терен да ја следи состојбата со цените.