Цената на струјата не е причина за високите сметки, туку потрошувачката не била добро предвидена, смета Бислимоски

143

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, вели дека цената не е причината што голем број граѓани добиле невообичаено високи сметки за електрична енергија ,туку тоа што броилата покажале повисока потрошувачка, односно во прашање е отчитувањето.

– Она што го направи универзалниот снабдувач е дека очигледно таму има предвидување на потрошувачката, има грешки и граѓаните со право се незадоволни. Оваа година имаме 99 претставки, односно жалби за сметки за струја. Тоа се ситуации каде што прво од ЕВН на граѓаните им рекле дека нивните сметки се во ред, па тие се обраќаат кај нас. Сега почнуваме да носиме одлуки. За 10 дена имаме повеќе од 10 одлуки и најголем дел од нив се позитивни за граѓаните и му се наложува на ЕВН Хоме да ги коригира, изјави Бислимовски во телевизиско гостување.

Тој додаде дека технички е невозможно сите броила да ги прегледува ЕВН и затоа се правело предвидување на потрошувачката.

Претседателот на РКЕ изјави дека позитивните решенија потоа мора универзалниот снабдувач да ги прифати и најчесто на потрошувачот му се компензира со пребивање од следните сметки.

ИЗДВОЕНИ