Цената на кафето повторно расте

31

Љубителите на кафе ширум светот, ќе треба да одвојат повеќе пари за едно пакување кафе од сумата на која се навикнати од средината на минатата година. Причината е веќе позната – цените на зрното кафе од кое се подготвува овој омилен напиток продолжуваат да растат на светските берзи, па ефектите од глобалните случувања се чувствуваат и на пазарите во регионот.

Сушите во земјите производители, зголемената побарувачка и проблемите со транспортот предизвикаа значителен притисок врз цената на суровото кафе. Според достапните податоци, во изминатите дванаесет месеци, цената на зрното кафе се зголемила за повеќе од 100 проценти.

Ако ново поскапување не се случи во текот на месецов, речиси е извесно дека ќе се случи во мај, кога ќе започне примената на новите акцизи, кои се усогласуваат на годишно ниво со инфлацијата.

Според проценките, кафето станува сè поскапо и веќе се смета за луксузен производ, а трендот на раст на цените се очекува да продолжи и во наредниот период.

ИЗДВОЕНИ