Стотици илјади луѓе дојдоа на протестот во Белград на 15 март, поради што многу улици беа преполни, па граѓаните и студентите наоѓаат алтернативни начини да се приклучат на акцијата. Поради гужвата пред Собранието на Србија, обезбедувањето ги повикува демонстрантите да дојдат на плоштадот Славија, пренесува Н1.
Студентите кои го организираа настанот насловен „15. за 15“ ги повикаа граѓаните денеска да не се откажуваат од поддршката за нивната борба и да истраат во заедничките обиди заедно да ја разбудат и променат Србија, пренесеува Хина.
„Да ја разбудиме Србија заедно и да истраеме во борбата не само за студентите, туку и за земјоделците, просветните работници, актери, новинарите, инженерите… За сите што ги загубивме и за оние што ќе ги изгубевме ако продолживме да молчиме“, рече студентката која не се претстави, а која прва зборуваше од бината на плоштадот „Славија“.
Таа посочи како се одвивале протестите досега и потсети дека во меѓувреме премиерот и градоначалникот на Нови Сад поднесоа оставки, а големи и многу успешни протести се одржаа во Нови Сад, Крагуевац, Нови Пазар и Ниш.
„Никогаш досега северот и југот не се собрале во поголем број во Ниш, како увертира на денешниот собир во Белград. Ќе остане неизбришлив белег на солзите што ги споделивме, местата што ги посетивме, раните што ги преврзавте и заморот што го излечивте. „Сè што се случува нè доведе до овој момент и погледнете колку од нас има“, рече таа.
Студентката потоа најави емитување на видео компилација од јавните собири што се одржаа низ целата земја.
Главната бина на вечерашниот протест беше поставена на плоштадот Славија, а помали сцени беа поставени во паркот Мањеж и пред зградата на Народното собрание каде се уште се присутни десетици илјади луѓе.
Организатори на студентскиот протест „15. за 15“ денеска поставија бина на кружниот тек на плоштадот Славија и во тој дел од градот има десетици илјади луѓе, додека бројни граѓани се уште пристигнуваат.
Покрај бината и видео бимот, беа поставени и два големи звучници пред ресторанот за брза храна Мекдоналдс.
Бината првично беше поставена пред Народното собрание каде се собраа голем број луѓе, но на барање на студентите беше преместена во Славија.
Самиот кружен тек е целосно исполнет со граѓани, со колони кои пристигнуваат од сите правци, поточно од улиците Београдска и Ресавска, Булевар на ослободувањето и улица на крал Милан, улица Мекензиева и улица Свети Сава.
Булеварот Ослободување е исполнет речиси до автопатот кон Ниш.
Граѓаните носат српски знамиња и транспаренти на кои пишува „Рацете ви се крвави“, „Револуција обоена со љубов“ и други.