Под влијание на плитка фронтална долина која се наоѓа над југоисточна Европа, во Македонија до крајot на оваа недела времето ќе биде променливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи.
Локално aтмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, електрични празнења и со појава на град, објави Метеоаларм.
И во Скопје и околината следува период на многу променливо време со повремен дожд. Во делови од колтината ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие до крајот на оваа работна недела ќе бидат без поголеми промени во однос на оние кои ги имаме сега, а постепено опаѓање на истите ќе има за време на викендот.
За време на овој нестабилно – влажен период локално во Македонија ќе наврне значително количество на воден талог (над 35 литри дожд).