Емил Нилсен (27), брилијантниот голман на Данска, се истакна во финалето на Светското првенство, во кое неговата репрезентација четврти пат по ред ја освои титулата, совладувајќи ја Хрватска со 32:26. Нилсен уште од почетокот на финалето покажа дека ова не е само негов шампионат (во кој имаше најдобар скор од одбраната) туку и финале.
Од првите четири хрватски удари кон неговиот гол, тој одбрани три. Потоа му одбрани на Шипиќ во ситуација еден на еден, кога требаше да израмни Хрватска на 8:8. Првото полувреме го заврши со девет одбрани за фантастични 43 проценти успешност. На полувремето, Данска имаше водство од 16:12, што е огромна предност за таква репрезентација. По натпреварот и прогласувањето на најдобрите голман и член на идеалниот тим на Светското првенство, Нилсен откри дека му претходела голема драма на неговото триумфално финале:
– Имав многу лоша ноќ. Малку ми се слоши и тоа ми пречеше синоќа. Не спиев цела ноќ, станав околу 9:00 или 10:00 часот изутрина. Се разбудив половина час пред да одам во вежбалница. Цел ден не јадев ништо затоа што бев многу нервозен и под стрес, па навистина сум среќен што сè излезе во ред – откри најдобриот голман во светот.