– Немам девојка сега. Фокусиран сум само на овој натпревар во „Ѕвездите на Гранд“. Сакам да успеам. Упорно и напорно вежбам во студиото, не пропуштам ниту едно снимање, така што има време за љубов во животот. Уште сум млад – изјави Кристијан со широка насмевка. Кога се исклучија микрофоните, Цеца истакна дека тој е многу секси кога се смее
Тоа е таа вистина дека се принудени да заминат по своите естрадни среќа и успех во Белград, каде што, како неафирмирани во балканското мегашоу „Ѕвездите на Гранд“, набргу стануваат тоа што си го посакуваат самите, а тоа е да бидат пејачки ѕвезди. Тоа ни го потврдува и последниот пример со многу шармантниот Кристијан Марковски од Гевгелија. Тој максимално ги воодушеви сите со своите настапи во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Со својата харизма, со насмевката што разоружува, со силната енергија во интерпретацијата и со прекрасниот глас.Предизвикува овации кај публиката, но и многу пофални коментари од жирито.
Рокерот Ѓорѓе Давид му порача дека сценски изгледа како некој италијански актер од 70-тите. – Изгледаш одлично, со што го исполни првиот услов. Ја изведе песната со леснотија, иако мислев дека гласовно ќе се испокршиш. Потоа, во втората песна, каде што има уште повеќе високи тонови, ти едноставно брилираше. Блазе си му на оној што има можност да те слуша во живо – беше коментарот на Давид за настапот на македонскиот пејач, кој со право го бара своето место на естрадата.
Мегапопуларната Цеца Ражнатовиќ беше толку многу воодушевена од Кристијан што им префрли на Марија и на Снежана, прашувајќи ги провокативно зошто се воздржани.
– Момчето од Македонија има сè што е потребно да поседува една идна музичка ѕвезда. Нормално е да има и трема, но таа ќе исчезне со текот на времето. Што не ви е јасно? Нешто многу сте ми умислени, не глумете воздржаност! Не ве разбирам, не давајте си толку многу на значење. Мислам дека и според физичкиот изглед, секоја мајка би го посакала Кристијан за својот зет – искрена е Цеца.
И токму кога спомена Кристијан да биде зет, се постави прашањето дали е во сериозна љубовна врска.
– Не сум зафатен, немам девојка сега. Сега сум фокусиран само на овој натпревар во „Ѕвездите на Гранд“. Сакам да успеам. Упорно и напорно вежбам во студиото, ниту едно снимање не пропуштам, така што има време за љубов во животот. Уште сум млад – изјави Кристијан со широка насмевка.
Кога се исклучија микрофоните, Цеца истакна дека тој е многу секси кога се смее. Затоа и ништо чудно што по ова, во коментарите на социјалните мрежи многумина прашуваат дали тајно „паднала“ Цеца на шармот на Кристијан Марковски.
Одговорот сè уште го чекаме. Со оглед на тоа што прилично помладите мажи ѝ се слабост на Цеца, ништо чудно дека му фрлила око и на Кристијан. Така што, кај што има чад има и оган, вели народната поговорка. И ништо страшно. Напротив. За секој машки пејач, тоа е среќа – Цеца да те засака. Д.М.