Царинските бариери го забавуваат глобалниот економски раст

10

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ја намали прогнозата за глобалниот економски раст за 2025 година, поради послабите проекции за раст во САД и во еврозоната.

ОЕЦД очекува економски раст од 3,1 отсто во 2025 година, што е намалување од 3,3 отсто, кои ги прогнозираше во декември, поради „зголемените тарифни бариери во неколку економии на Г20“ и „неизвесноста за геополитичката ситуација и економските политики, кои тежат врз инвестициите и потрошувачката на домаќинствата“.

За во 2026 година се предвидува раст од три проценти, во однос на 3,3 проценти во претходниот извештај.

Исто така, се предвидува да забави годишниот економски раст во САД, на 2,2 отсто во 2025 година и 1,6 отсто во 2026 година, што е намалување од претходно предвидениот раст од 2,4 отсто оваа година и 2,1 отсто следната година.

 

ИЗДВОЕНИ