Царинската контрола како швајцарско сирење!? Откриен нов случај на организиран криминал со возила

Прво крадени па сега низ царинската контрола ,,проаѓале,, и половни автомобили

110

Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги откри и спречи организирана мрежа во која увозници, шпедитери, возачи,  вработени во превозни компании и царински службеници организирано внесувале половни возила без да платат царински давачки кои завршувале на авто-плацеви во Македонија. Запленети се 35 автомобили со вкупна вредност од 20 милиони денари, при што врз Буџетот на државата преку избегнување плаќање увозни давачки е нанесена директна штета во висина од 9 милиони денари. Директорот на управта Бобан Николовски вели дека постои сомневање оти избегнатите давачки и штетата нанесена на Буџетот на државата е многу поголема, затоа што е голема веројатноста во изминатите години овие дела да се случувале повеќекратно.

„Досега, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се поднесени кривични пријави за 24 лица, 19 физички и пет правни лица, за сторени кривични дела: царинска измама, прикривање стока од сторено кривично дело царинска измама, фалсификување и злоупотреба на службена должност и овластување. Со целосно завршување на предистражните и истражните дејствија, кривични пријави ќе следат за други лица, при што некои од нив ќе се теретат за повеќекратно извршување на исти или слични дела. Во однос на царинските службеници кои извршиле злоупотреба на службена положба и овластување, во тек се дисциплински постапки, по што ќе следат соодветни казнени мерки“, потенцира Николовски.

Сторителите на кривичните дела, кои биле учесници во добро организирана и разработена шема, изработувале фалсификувани придружни документи кои се потребни за завршување на царинската постапка и фиктивно гo раздолжувале транзитот без притоа да спроведат царинска постапка. Така, без да бидат платени царината и другите увозни давачки, возилата продавани на различни авто – плацеви во државата.

Инаку Основното јавно обвинителство објави дека за случајот со шверц на луксузни автомобили од странство е поднесено обвинение против 10 осомничени. Преку лажирање на документи и преправани броеви на шасија, внесувале во земјава крадени автомобили од европските земји. Во регистрацијата им помагале вработени во МВР кои се дел од обвинетите.Во овој случај за четворица има мерка притвор.

ИЗДВОЕНИ