Царините досега донесоа 21 милијарда долари за Америка, Трамп очекуваше многу повеќе

33
EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Соединетите Американски Држави собраа 21 милијарда долари од царините наметнати од претседателот Доналд Трамп од неговата инаугурација на 20 јануари, објави во средата Царинската и гранична служба на САД (CBP), пренесува CNBC.

Доналд Трамп тврди дека неговите царини генерираат две милијарди долари дневно за САД, но тоа очигледно не е така.

Според CBP, само од 5-ти април, САД добиваат 500 милиони американски долари дневно како реципрочни царини. Американското Министерство за финансии во понеделникот објасни дека тој ден биле собрани царини од 305 милиони долари.

На почетокот на месецот Трамп најави реципрочни царини за увоз од речиси целиот свет. Подоцна ги ограничи на десет проценти за 90 дена, освен за Кина, за која важат дополнителни царини од 145 проценти.

ИЗДВОЕНИ