Царина заплени автобус со косовски таблички адаптиран за шверцување

25

Царинската управа информира дека е откриен случај во кој автобус со косовски регистарски таблички кој извршува редовен превоз на патници на релација Истанбул – Приштина бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока. Случајот бил откриен на граничниот премин Деве Баир.

При тоа биле запленети над 500 парчиња облека со потпис на познатите трговски марки Ралф Лаурен и Лакоста поради сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост.

„При извршена контрола на просторот за багаж на автобусот во горниот дел со отстранување на завртките на дрвена даска е откриен простор кој не е фабрички и е продолжен за 10 сантиметри по целата должина на багажниот простор на автобусот, што претставува специјална направена преграда (бункер)“, информира управата.

Во друг случај биле запленети 75 комплети тренерки со ознаки на заштитена трговска марка кои се пронајдени во камион со турски регистарски таблички, натоварени со стока со потекло од Турција наменета за увозник од Косово.

Запленети биле и фотоапарат, компјутер за видео-игри, како и бандажи и фарови.

ИЗДВОЕНИ