„Три часа ме држеа на граница“

443

Јапонскиот Формула 1 возач, Јуки Цунода (24), изјави дека граничните службеници за малку немале да го пуштат да влезе во САД пред Големата награда на Лас Вегас, која се вози на патеката Невада, овој викенд. И покрај потребните документација и визи, Цунода истакна дека бил задржан повеќе од три часа од американските царински и гранични службеници.

  • Речиси ме испратија дома. Имаше многу дискусии. За среќа, ме пуштија. Сега сè е во ред, тука сум – истанка Цунода.

Јапонецот бележи одлични резултати оваа сезона со оглед на перформансите на болидот. Тој има осум пласмани меѓу првите десетмина возачи на 21 трка оваа сезона и моментно е 11. во генералниот поредок.

ИЗДВОЕНИ