Црвено предупредување за Барселона: По Валенсија, на удар е и Каталонија!/ВИДЕО

97
epa11693999 Residents clean their homes from the devastation caused by the flood and severe rains in the municipality of Paiporta, in the province of Valencia, Spain, 31 October 2024. At least 95 people died in the province of Valencia and neighboring provinces following floods caused by the DANA (high-altitude isolated depression) phenomenon impacting the eastern part of the country. EPA-EFE/BIEL ALINO

Додека жителите на регионот Валенсија се уште се опоравуваат од катастрофалните поплави во кои загинаа повеќе од 200 луѓе, во понеделникот нови поројни дождови погодија делови од Шпанија.

Метеоролошката служба АЕМЕТ извести дека „метеоролошката криза заврши во провинцијата Валенсија“ каде што продолжува потрагата по исчезнатите. Сите очи сега се вперени во Каталонија каде властите повикуваат на максимална претпазливост поради обилните дождови.

Црвено предупредување е издадено за Барселона што укажува на „екстремна опасност“ поради силен дожд.

Во Каталонија, приградските возови привремено се прекинати „поради неповолни временски услови и предупредувања за обилни дождови“, објави операторот Rodalies de Catalunya на својата веб-страница.

Во Барселона утрово на аеродромот Ел Прат падна 81 литар дожд на метар квадратен на час, поради што 15 авиони беа пренасочени кон други аеродроми. Министерот за транспорт Оскар Пуенте извести дека на аеродромот ќе биде формиран кризен штаб кој ќе ги следи ефектите од невремето врз воздушниот сообраќај таму.

https://twitter.com/i/status/1853382797685113080

„Не патувајте освен ако е апсолутно неопходно“, предупреди АЕМЕТ преку социјалната мрежа Х.

Во блиската област Баикс Лобрегат, каде живеат 840.000 жители, наврнале 180 литри дожд на метар квадратен. Ова е сепак забележливо помалку отколку во провинцијата Валенсија, каде пред четири дена наврнаа повеќе од 400 литри на метар квадратен на час.

Најмалку 217 лица загинаа како последица на обилните дождови во источна Шпанија кои предизвикаа поројни поплави. Шест дена по невидената поплава продолжува акцијата за пребарување и спасување со се уште непознат број исчезнати лица, а на помош дојдоа илјадници војници.

ИЗДВОЕНИ