Евролигата жестоко ја казни Црвена звезда по поразот од Жалгирис во Каунас (86:84) во рамки на шестото коло од Евролигата, кога „црвено-белите“ упатија низа критики на сметка на арбитражата на мечот.
„Црвено-белите“ ќе треба да платат дури 74.500 евра поради критиките кон судиите кои имаа неколку спорни одлуки. Евролигата ги казни и Никола Калиниќ и Немања Недовиќ со по 5.000 евра, поради коментари за работата на судиите на мечот со Жалгирис.
Исто така, Звезда е казнета и со 32.500 евра поради однесувањето на навивачите, вклучително и навредливи извици и фрлање предмети на теренот за време на натпреварот против Панатинаикос.