„Црн петок“ шанса за измамниците! Што укажува дека сте „на мета“?

151

Министерството за внатрешни работи на Србија ги предупреди граѓаните да внимаваат и да избегнуваат измами за време на акцијата „Црн петок“.

Се повикуваат граѓаните да ги проверуваат веб-адресите и да купуваат само од официјални веб-страници, како и да не „кликнуваат“ на линкови добиени преку електронска пошта или социјалните мрежи.

„Внимавајте на безбедносните протоколи. Проверете дали сајтот користи https и ssl заштита за безбеден пренос на податоци“, велат од српското МВР во објава на Инстаграм.

Оттаму предупредуваат дека информациите за картичките не треба да се испраќаат преку електронска пошта, туку доверливите информации за картичката да останат на веб-страницата, а не во инбокс.

Не треба да испраќате фотографии од картичките, бидејќи речиси сигурно е измама ако некој побара да ја фотографирате вашата картичката.

Препорачливо е да купувате на локации каде што се потврдени начини на плаќање – само каде што е видлива верификацијата со виза или мастеркард картичка.

„Ако понудата е премногу добра за да биде вистинита, бидете внимателни. Заштитете се себеси и вашите пари, внимавајте на измамниците“, предупредуваат од српското  МВР.