EPA/CHRISTIAN CHARISIUS

Во светот на спортот сè почесто слушаме тажни и трогателни приказни, а една таква овој пат ни доаѓа од Велика Британија. Имено, еден од најдобрите велосипедисти, Крис Хој, откри дека нема да го победи ракот.

Хој има рак во терминална фаза и лекарите му дале на поранешниот олимписки шампион од две до четири години живот. На шесткратниот освојувач на олимписки медали оваа болест му беше дијагностицирана во февруари, но сега откри дека малигното ткиво толку напредувало што не може да се излечи или отстрани.

Сосема случајно 48-годишникот дознал дека има рак бидејќи немал никакви симптоми, но при рутински преглед било забележано дека е во лоша ситуација. Отишол на хемотерапија, се чувствувал одлично според неговото сведочење, но сега дознал дека хемотерапијата нема да му помогне.

Крис Хој е велосипедист кој освои шест олимписки злата и едно сребро на ОИ, има 11 златни, осум сребрени и шест бронзени медали на Светските првенства и е еден од најголемите велосипедисти во историјата.

Сега тој откри дека лекарите прво му рекле да престане да вежба во теретана, односно да не го истегнува горниот дел од телото, а потоа му рекле дека има рак! Само неколку дена подоцна, на неговата сопруга Сара мораше да ѝ се каже дека болеста е во терминална фаза и дека на Хој му преостануваат уште две до четири години живот.

Со Сара, Крис Хој има две деца, Калум и Клои, кои имаат девет и шест години.