Циклонот Борис веќе донесе екстремни количества дожд низ Централна и Источна Европа, а слично сценарио се очекува и во наредните денови. Невремето, како што пишува СиЕнЕн е толку разорно од две причини. Прво, студениот воздух од север измешан со влагата од невообичаено топлите води на Медитеранот и Црното Море.
Второ, областа со низок притисок е заглавена во блокирана временска шема, што значи дека е заробена помеѓу висок притисок и на запад и на исток. По екстремните поплави во 2021 година, World Weather Attribution Network заклучи дека поради климтските промени и глобалното затоплување, веројатноста и интензитетот на вакви настани во Европа се зголемуваат, наведува СиЕнЕн.
Половина Европа е под вода: Будимпешта се подготвува за КАТАСТРОФА НА ДЕЦЕНИЈАТА!