„Чудно е да се види внука на нацист на таква позиција“, Захарова за можната номинација на Бербок за претседателка на Генералното собрание на ЕУ

499

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска во врска со планот на германската влада да ја номинира министерката за надворешни работи на земјата, Аналена Бербок, за претседател на Генералното собрание на ОН, дека е чудно да се види внука на нацист на таква позиција.

„Ќе биде чудно да се види внука на нацист, која се гордее со подвигот на својот дедо, во годината на 80-годишнината од победата над фашизмот, како претседател на Генералното собрание“, рече таа, пренесува РИА Новости.

Германските медиуми претходно објавија дека Владата на Германија има намера да ја предложи Бербок за кандидат за функцијата претседател на Генералното собрание на ОН.

ИЗДВОЕНИ