Маж се држел за надворешната страна на брз воз во Германија кој се движел со брзина до 282 км/ч и останал без повреди, соопштија тамошните медиуми.

Маж, 40-годишен унгарски државјанин, се качил во воз во Минхен во четвртокот без билет. Сепак, полицијата тврди дека тоа не била причината за овој ризичен трик.

Кога возот застанал на станицата во Инголштад, на околу 70 километри северно од Минхен, патникот се симнал од возот за да запали цигара.

Кога сфатил дека вратите се затворени и возот тргнал, скокнал меѓу два вагони и се држел за каблите додека возот забрзувал до 282 км/ч, соопшти полицијата.

Случајни минувачи од платформата повикале полиција околу 15 часот. Машиновозачот го запрел возот во градот Киндинг, триесетина километри северно од Инголштад, каде мажот бил уапсен.

Мажот и рекол на полицијата дека скокнал во возот затоа што го оставил својот багаж во возот. За среќа, мажот не е повреден, изјави портпаролот на федералната полиција.

 

ИЗДВОЕНИ