Регионален патнички авион на Американ Ерлајнс и воен хеликоптер Блек Хок се судрија во близина на националниот аеродром Реган Вашингтон во средата вечерта, потврдија официјални лица.
Според пишувањата на медиумите, по судирот патничкиот авион се урнал во реката Потомак. Спасувачките екипи се на терен, а телата на жртвите во моментов се извлекуваат. Според последните, неофицијални информации, 19 тела се извлечени од водата.
На социјалните мрежи се појавија снимки кои го покажуваат моментот на судирот. На една од нив јасно се гледа експлозијата која создаде голема огнена топка на небото.
Nouvelle vidéo du crash d’avion hélicoptère de #Washington 🇺🇸 https://t.co/T0J2pXZfV6 pic.twitter.com/iNJS2jSfrl
— 🇫🇷laffont mickael(#SansLui)🇫🇷 (@MickaelLaffont) January 30, 2025
Над 300 спасувачи се испратени на местото на настанот, но временските услови се лоши, а потрагата по патниците или нивните останки е исклучително тешка, бидејќи судирот се случил во раните утрински часови. Исто така, температурите на воздухот и водата се ниски.
Спасувачите и локалните власти соопштија дека се претпоставува дека сите патници се мртви, што ја прави трагедијата една од најсмртоносните во САД.
Можна причина за несреќата – човечка грешка
Поранешниот пилот на хеликоптер Пол Бивер изјави дека сè укажува дека причина за несреќата е човечка грешка.
„Тешко е со сигурност да се каже дали судирот можел да се избегне, но јасно е дека се работи за страшна несреќа. Ова изгледа како класичен пример за човечка грешка. Контролата на летање може да дава само препораки, но пилотот презема лична одговорност за летот“, објасни Бивер.
Тој истакна и дека авионот бил на конечно приближување до пистата, што според правилата за летање му дава предност пред хеликоптерот кој требало да преземе мерки за да избегне судир.
„Ја прелетав реката Потомак и можам да потврдам дека тоа е многу предизвикувачки воздушен простор. „Таму сообраќајот е исклучително густ, што повремено доведува до вакви несреќи“, заклучил Бивер.