Хари Сигер, од Ејлсбери, Англија, стана интернет сензација откако му беше обештетена 2 фунти (2,4 евра) за купување чоколадо „Марс“ без карактеристичните брановидна површина.
Сигер рече дека не е заинтересиран да добие компензација, туку само сакал да знае „кој индустриски процес можел да предизвика чоколатцето да нема бразда, одосно да е мазна наместо брановидна“, објави Би-Би-Си.
Тој рече дека патувал со винтиџ автобус на салонот за класични автомобили во Бирмингем со своите пријатели кога забележал дека чоколадото „Марс“ што го купил во Оксфордшир е целосно мазна, па решил да испрати порака до производителот следниот ден.
Сигер рече дека компанијата веднаш му понудила компензација, но не објасни каква грешка во производството можела да предизвика чоколатцето да биде целосно мазно.
Корпорацијата претходно овој месец соопшти дека брановидната површина сè уште постои на чоколатцата „Марс“.
Чоколадите „Марс“ првпат се направени рачно во Беркшир во 1932 година и се најпопуларните чоколади во Велика Британија, пишува британскиот дневен весник, пренесува Танјуг.