ЧОКОЛАДАТА ПОСКАПУВА! Ја има се помалку, а сите ја бараат

178

Чоколадото поскапува во светот поради цената на суровината, но тоа е причината само „на прв поглед“, пишува сајтот „The Southafrican“. Статистичарите пресметале просечен пораст на цената на чоколадото во мај од 14 отсто во однос на мај минатата година, а само годинава седум отсто, но повеќе од 63 отсто од 2017 година.

Во игра се неколку фактори, иако главната причина е зголемувањето на глобалните цени на какаото, кои растат во последните три години, а во 2024 година ќе достигнат највисоко ниво во последните 46 години.

Областите за производство на какао во Западна Африка се најголеми во светот. Временските обрасци на Ел Нињо кои на некои места носат долготрајна суша и на други обилни дождови, негативно влијаеле на тие области. Болестите на земјоделските култури, како и геополитичките тензии поради војната меѓу Русија и Украина, имаат влијание на пазарот на ѓубрива.

Ел Нињо предизвика суво време во Западна Африка и придонесе за проблеми на плантажите, како што е вирусна болест на дрвјата. Недостигот на зрна какао речиси доведе до затворање на фабриките за преработка во Брегот на Слоновата Коска и Гана оваа година. Овие две земји сочинуваат 60 отсто од светското производство.

Иако приносите се намалени, глобалната побарувачка расте. Ова создаде глобален дисбаланс на понудата и побарувачката и резултираше со многу повисоки цени.