Неколку членови на партијата Десна изутринава пред почетокот на судењето за убиството на Вања и Панче пред зградата на Кривичниот суд изразија незадоволство од Обвинителството и сомневање во правичноста од водењето на постапката.
Преку транспаренти и кус говор рекоа дека се врши прогон на членовите на Десна, а партиското седиште било запечатено од истражните органи.
Во Основниот суд треба да продолжи судењето на кое се очекува ОЈО да се произнесе по барањето на обвинетиот Палевски за изземање на целото скопско Обвинителство.