Членот на Судскиот совет Селим Адеми кои стоеше зад „пучот“ на екс претседателката Весна Дамева, денеска на јавна седница побара од буџетот на Советот да се издвоеле пари за анкета за доверба во судството бидејќи не верувал во таа која утврди дека граѓаните имаат верба во судиите од едвај од 2 отсто.
Адеми кој јавноста го поврзуваше со низата скандали кои се случија во Судскиот совет во врска со предметот Таргет- Тврдина, за кој апелациониот судијата Енвер Беџети се најде на црната листа на САД, поради чување на предметот во фиока, вели дека од анкетите кои ги презентирале другите институции се земало предвид само најлошото.
Исходот од скандалите по разрешувањето на тогашната претседателка резултираше со доаѓање на Оценска мисија од Европската Комисија која ја скенираше состојбата и даде препораки за работата на Советот.
„Предлагам да се одвојат пари во буџетот на Судскиот совет за правење на анкета за довербата во судството бидејќи го слушаме само најлошото од другите институции. Реално довербата во судството не беше 2%, беше околу 20%, па предлагам да одвоиме пари и сами да направиме истражување на јавното мислење, па да видиме колкав е процентот на довербата на граѓаните“, предложи на денешната седница Адеми. (П.А)