Екстремно десничарскиот политичар во Португалија Мигел Аруда е обвинет за кражба на куфери на неколку аеродроми и е исклучен од неговата политичка партија, објави партијата Чега.
Според неколку новински медиуми, полицијата завчера на аеродромот во Лисабон го испрашала Мигел Аруда и го обвинила за кражба на багаж, откако некои од исчезнатите куфери наводно биле пронајдени во неговиот дом, пишува Гардијан.
Четириесетгодишникот негираше дека сторил нешто лошо, велејќи за ТВИ: „Додека не се докаже спротивното, јас сум невин“.
Аруда, кој одлучи да остане во собранието како независен, побара укинување на пратеничкиот имунитет.
Членови на неговата поранешна партија го исвиркаа на денешната собраниска седница. Претседателот на собранието Хозе Педро Агиар-Бранко му рече на Аруда да седне во задниот дел од салата.
Локалните медиуми објавија дека полицијата имала снимка од камера на која наводно се гледа како политичарот го зема својот куфер и уште еден помал од рингишпилот за багаж, а потоа, наводно, го става другиот во својот.
Медиумите тврдат дека содржината на куферот ја продал преку интернет
Аруда се бранеше велејќи дека видеото од надзорот можело да биде генерирано од вештачка интелигенција.
Обвинителите „само потврдуваат дека се преземени чекори како дел од истрагата што нема никаква врска со неговите службени должности“, изјави за агенцијата Франс прес портпаролот на канцеларијата на јавниот обвинител.
Претседателот на партијата Чега, Андре Вентура, по средбата со Аруда рече: „Соочени со овие околности, не можам да му дозволам да остане во парламентарната партија“.
Некои медиуми тврдат дека Аруда ја продавал содржината на куферот преку интернет.