Читајте ги знаците што ви ги дава телото: Сувата уста би можела да биде симптом за итна интервенција

19
Фото:пекселс

Ако ви е сува устата, тоа би можело да биде сипмтом за помалку познат, ама не незначаен, здравствен проблем.

Како што наведува Нешнел хелт сервис, сувта уста би можела да укажува на Белова парализа.

Како што наведува НХС, ова е најчеста причина за парализа на лицето, но постојат многу други видови парализи на лицето. Овој тип се јавува кога постои „привремена слабост или недостиг од движење кое ја зафаќа едната страна на лицето“.

Иако е привремна, лицата кои ја имаат може да бидат подложени на лечење со стероиди.  На повеќето луѓе им е подобро по шест месеци, но морате да бидете свесни дека е важно да се реагира што е можно побрзо.

Покрај сувата уста, постојат и бројни други симптоми на Белова парализа. Најчесто станвуа збор за делумна или целосна парализа обично на едната половина оид лицето која е проследена со „опуштање“ на таа страна на лицето, во зависнос тод тежината на оштетените нерви. Ретки се случаи кога двете страни на лицето се парализирани, пренесувс Кликс.ба.

Покрај тоа, посветете внимание на острата болка во внатрешниот дел на увото во текот на појавата на парализата, на ослабено или променето сетило за вкус, чувствителнсот на гласни звуци и сувост на окото на парализираната страна на лицето. Понекогаш неможноста правилно да го затворите окото може да резултира со солзење на окото бидејќи прекуерно го компензира пресувото око. Важно е да се користат капки за очи или маст за подмачкување на окото.

Исто така, лицата можат да имаат потешкотии со јадење поради губењето на контролата над усните и образот на едната страна. Храната поради тоа мора да се заглави во некои подрачја и да дојде до ненанерно лигавење.

Може да се појават и потешкотии со јасен говор, особено со изговор на одредени гласови и букви како „б“ и „п“. Можно е и покање на ноздрите на парализирната страна поради губење на контролата над мускулите на носот.

Поради тоа, ако имате симптоми на Белова парализа, посетете матичен лекар. Клучно е лечењето на Беловата парализа да започне рано. Според НХС, клучно е да се реагир аво период од 72 часа.

Се истакнува и дека морате да повикате Брза помош ако се случат некои промени како отежнат говор, обесено лице или ако личноста не може да ги крене двете раце и да ги држи во возду бидејќи тоа би можеле да се знаци за мозочен удар.

ИЗДВОЕНИ